Фудбалерите на Динамо Киев се тркаа кој ќе постигне поубав гол, а страдаше Евертон и особено мрежата на голманот Тим Хауард. Голеадата во Украина ја најави Јармоленко со прекрасен гол, продолжи Велосо со волеј удар, а точка на фестивалот од голови стави Антунеш со невиден гол.
Португалецот испали феноменален плотун од 35 метри откосо, а топката заврши во спротивниот агол од голот на Англичаните.
Супер гол постигна и Бразилецот Рамон за Бешикташ, а имаше и комични моменти на натпреварите од Лига Европа, најинтересниот во режија на голманот на Рома, Скорупски, кој му дозволи на Алонсо од Фиорентина лесно да му ја одземе топката и да ја затресе празната мрежа.
Погледнете ги најубавите 5 погодоци од вчерашните реванш осминафинални натпревари во ЛЕ.
Број 1 – Антунеш (Динамо Киев)
Број 2 – Рамон (Бешикташ)
Број 3 – Јармоленко (Динамо Киев)
Број 4 – Велосо (Динамо Киев)
Број 5 – Алонсо (Фиорентина)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)