Премиерот Никола Груевски присуствува на Самитот на Европската народна партија, на кој покрај него се наоѓаат и шефови на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.
Груевски претпладнево оствари средба со првиот човек на најголемата Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој даде силна поддршка на Република Македонија и изрази очекување за враќање на македонската опозиција во Собранието.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на разговорот, кој се одржа пред Самитот на европската десница во Брисел, Дол на Груевски му ја истакнал важноста од продолжување на реформскиот процес во Македонија. Исто така, Дол на состанокот изразил волја и лично да се ангажира за поддршка и помош на Република Македонија во напредување на нејзините европски интеграции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст