| четврток, 6 декември 2018 |

Обама е најлошиот претседател

Dick CheneyБарак Обама е најлошиот претседател што сум го видел во својот живот, изјави поранешниот американски потпретседател од времето на Џорџ Буш помладиот,  Дик Чејни, објави „Фокс њуз“.

Изјавата на Чејни е во интервју за магазинот „Плејбој“, што ќе се појави во априлското издание.

– Кога го гледам Барак Обама, го гледам најлошиот претседател што сум го видел во својот живот, изјави Чејни во интервју со новинарот Џејмс Роузен.

– Имав навика доста да го критикувам Џим Картер. Но, според мене во споредба со него Обама и штетите што тој ги нанесува на нашата нација се вистинска трагедија, нагласи Чејни.

Во интервјуто Чејни истакнува дека Обама и министерот за правда Ерик Холдер, кои се првите црнци на така високи функции во САД, играат на картата на расизмот, алудирајќи дека некои од критиките на нивна адреса се манифестација на расизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top