| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени седуммина за воени злосторства во Сребреница

srebrenicaСрпската полиција по налог на Обвинителството за воени злосторства рано изутринава уапси засега седум лица на различни локации во Србија. Со професионална акција на Службата за откривање воени злосторства при српското МВР, седуммината осомничени се спроведени во Обвинителството, пренесе Танјуг.

Обвинителството за воени злосторства донесе наредба за спроведување истрага против поранешни припадници на Центарот за обука „Јахорина“ во состав на Специјалните бригади на МВР на Република Српска поради постоење основано сомневање дека во Сребреница извршиле воени злосторства против цивилно население.

Меѓу жртвите има повеќе од илјада лица од муслиманска вероисповед, чии посмртни останки се идентификувани во масовни гробници на повеќе локации, меѓу кои се Глогова 1 и 2 и Равнице.

Обвинителството и МВР трагаат по уште неколку лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат во околните држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top