| четврток, 6 декември 2018 |

Толпа граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на трибината на владејачката партија (видео)

Нашиот народ бара одговори и решенија за реалниот живот и потреби. Вие нѐ познавате доволно добро. Креирани големи сценарија и случаи ставани во негативен контекст, како конструкција не е доволно за да ја засенат нашата работа и делата поради кои нè избирате и ни давате доверба. Тие дела се нашиот вистински лик. Во тие дела, проекти, мерки, реформи. Во нив е вистината! Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите поради кои граѓаните гласале за нас и не избираат девет години по ред на избори – рече премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СРЦ „Борис Трајковски“.

Пред толпата граѓани, поддржувачи и симпатизери премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ додаде:
Во делата е вистината! Во проектите е вистината! Во осумипол годишното деноноќно работење за да се оствари ветеното е вистината!
Во реформите, во новите работни места, во изграденото, создаденото, корисното…

Tribina na Vmro vo sala Boris (9) Tribina na Vmro vo sala Boris (12) 12 (Custom) 09 (Custom) VMRO tribina 13 (Custom) VMRO tribina 12 (Custom) VMRO tribina 4 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top