Со двата погодока на Лионел Меси, екипата на Барселона оствари победа на гостински терен во 27.коло од Примера, додека шампионот Атлетико Мадрид одигра без голови со Еспањол и е сѐ подалеку од одбрана на титулата.
Резултати на петте завршени натпревари од оваа рунда во Шпанското фудбалско првенство: Валенсија – Ла Коруња 2:0, Еспањол – Атлетико Мадрид 0:0, Еибар – Барселона 0:2, Рајо Ваљекано – Гранада 3:1 и Селта Виго – Атлетик Билбао 1:2.
На денешните четири натпревари играат: Алмерија – Виљареал, Малага- Кордоба, Севиља – Елче и Реал Мадрид – Леванте.
Кругот утре го затвораат Хетафе – Сосиедад.
Табела: Барселона 65 бодови, Реал 61, Валенсија 57, Атлетико Мадрид 56, Севиља 49,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


