Синхронизираната анимирана комедија „Зошто (не) го изедов татко ми“ од деветти април ќе може да се погледне во кината во Македонија. Филмот нè враќа во периодот од пред два милиони години, кога веднаш по ручекот младиот примат Едвард паѓа од дрво. За да преживее, Едвард се исправува и ги измислува одењето на две нозе, а по некое време ја удвојува својата генијалност – ги измислува огнот, ловот, модерните станови, љубовта и надежта…
Групата праисториски луѓе имаат многу слични грижи со оние што ги имаме денес: наоѓањето совршена пештера (без мечки) за целото семејство, зачувувањето на успешниот брак и составувањето крај со крај кога „тато“ случајно ќе ја запали блиската шума.
Филмот „Зошто (не) го изедов татко ми“ ќе биде синхронизиран на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура