| четврток, 6 декември 2018 |

Пијани агенти на Тајната служба ја пробиле безбедносната ограда на Белата куќа

belata-kuka

Американската тајна служба ги истражува тврдењата дека двајца агенти, кои биле во ноќна забава, влетале со автомобилот низ безбедносната ограда поставена пред Белата куќа.

Доколку се потврдат обвинувањата дека агентите предизвикале инцидент, тоа ќе биде еден од многуте безбедносни пропусти на Тајната служба, која го обезбедува американскиот претседател Барак Обама. Според портпаролот на Тајната служба, Брајан Лири, истрагата за инцидентот ќе ја спроведе генералниот инспектор при Министерството за национална безбедност.

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека инцидентот се случил на 4 март ноќта кога двајца агенти со автомобил удриле во заштитната бариера пред Белата куќа. Тие, наводно, претходно биле на забава каде што пиеле алкохол и потоа го предизвикале инцидентот.

Обама го именуваше Џозеф Кленси за нов шеф на Тајната служба по критичкиот извештај за инцидентот во кој еден човек со нарушено психичко здравје влезе со нож во Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top