| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресмените демократи не ја поддржуваат резолуцијата за користење сила против ИД

Ниту еден од демократите во Конгресот на САД не ја поддржува новата резолуција за примена на воена сила против терористичката група „Исламска држава“, подготвена од администрацијата на претседателот Барак Обама, кој е нивен сопартиец, изјави претседателот на Комисијата на Сенатот за надворешни работи Боб Коркер, републиканец од државата Тенеси.

-Откако го добивме од извршната власт тој документ, кој санкционираше примена на воена сила, дојдовме до заклучок дека не познаваме ниту еден демократ во Конгресот, или најмалку ниту еден во Сенатот, кој ќе ја поддржи таа резолуција, рече Коркер.

Тој истакна дека тоа е негово видување, а не нечесен потфат во борбата меѓу партиите.

Коркер додаде дека предложената резолуција од администрацијата за примена на воена сила против ИД во голем степен ја ратификува стратегијата на Вашингтон и особено во Сирија. Во исто време многумина не ја сметаат сегашната стратегија за ефикасна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top