| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмајер: Не е на повидок решение за кризата во Украина

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, денеска изјави дека не е на повидок решавањето на украинската криза и оти на Украина ќе ѝ биде потребна значајна помош со оглед на лошата економија.

– Патот по кој одиме најверојатно претставува прв чекор кон смирување на ситуацијата, но сите знаеме дека сме многу далеку од решение. Покрај тоа, повторно морам да укажам на финансиските ветувања кои ѝ ги дадовме на Украина имајќи ја предвид тешката ситуација на нејзината економија – посочи Штајнмајер за време на посетата на Бугарија.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека во согласност со мировниот договор од Минск, проруските сили повлекле значителен дел од тешкото вооружување од првата линија на фронтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top