| четврток, 6 декември 2018 |

2.600.000 денари за проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите“ во Битола

Проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите” е дел од програмата на општина Битола, објави телевизијата „Тера“. За реализација на овој проект во изминатиот период бил објавен повик за доставување на идејни решенија од кои било избрано најдоброто. Општина Битола врз претходно завршена постапка ја обезбедила потребната документација, а по добивањето на одобрението за градба се изврши подготовка на теренот за отпочнување на активностите. Вкупната инвестиција за проектот изнесува 2.600.000 денари.

OLI_MOST_002

Во рамките на проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите”, во изминатиот период е извршена реконструкција и уредување на мостот кај гимназијата „Јосип Броз – Тито“, музичкото училиште и дрвеното мовче, изграден е нов мост – кружен тек кај Црн мост, редизајниран е стариот мост на истото место и направен е пешачки мост, а мостот кај Безистенот е шестти мост по ред врз кој се вршат градежни активности.

Мостот е изграден од челична конструкција, од метални пиластри со променлив пресек и со секундарни пиластри и ободната конструкција што ја држи лушпата што е од бескоморен поликарбонат. Предвидена е и илуминација, која ќе биде во жлебовите во ободната конструкција, осветлен од двете страни, странично од реката. Предвидени се и клупи за седење и жардиниери со ползавци, ваков ќе биде комплетниот изглед на редизајнираниот мост под Безистен според архитект – советник за комунални дејности во општина Битола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top