Премиерот Никола Груевски нема да ги коментира разговорите кои ги објавува Зоран Заев и нивната веродостојност. Тој вели дека тоа ќе се утврдува во судска постапка.
Она на што реагираше премиерот е обидот на опозицискиот лидер, да каже дека изборите се добиени со закани и присила. Груевски му појасни дека на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ доби речиси 500.000 гласа од граѓаните на фер и демократски избори.
-Прва работа ќе кажам дека овде стануваше збор за изборите во 2011 и 2013 година. Првата работа што би ја кажал е дека тие избори беа верификувани како коректни, ефикасни избори од страна на сите меѓународни организации кои што ги следеа изборите. Втора работа е што и самото СДСМ и нивното раководство јавно признаа дека изборите беа фер и коректни во тој период, но она што е најважно и она што е за нас најбитно е пораката до гласачите, до сите оние што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тие самите најдобро знаат дали некој со сила ги натерал да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија или пак гласаа за тоа што ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики и прави дела кои што тие ги прифакаат и веруваат дека се исправни и приоритетни. Јас сум убеден во второто , јас знам дека тие речиси 500.000 луѓе гласале заради делата , заради отворените нови работни места, 120000 нови работни места отворени овие години, гласаа заради фабриките кои што ги носиме во Македонија, немаше донесено фабрики во Македонија со години. Гласаат заради субвениите што ги добиваат, гласаат заради многу инвестиции во локални патишта, во регионални патишта, во автопатишта , гласаа заради инвестиците во реконструкција во многу болници во Македонија, набавка на многу опрема во целата држава во делот на болниците и клиниките. Гласаа заради многу проекти што ги направивме во земјоделието, здравството, образованието , стотици реконструирани училишта, стотици и илјадници ветувања што сме ги дали во програмата, рече премиерот.
Груевски упатува повик до секој гласач што гласал за неговата партија, самиот да се запраша за што гласал, дали гласал заради некој притисок што му е направен или затоа што верувал во опцијата која што тоа што му го ветила како никогаш до сега го исполнила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.