Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ќе ја намали својата плата,и платите на високите државни функционери, за 10 отсто до крајот на 2015 година, поради финансиската состојба, објави агенцијата ТАСС.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека одлуката е привремена и оти се должи на моменталната економска состојба во земјата.
Со цел да ја санираат економската ситуација во земјата, руските власти подготвуваат низа мерки и преструктуирање на буџетот, и убедуваат дека Русија има сила да ги издржи санкциите и на подолг рок.
Платите на Владимир Путин и на Дмитриј Медведев во април 2014 година беа зголемени за 2,6 пати. Според официјалните изјави рускиот претседател годишно заработил околу 3,7 милиони рубљи (околу 62 илјади долари), додека премиерот заработил 4,3 милиони рубљи.
Истовремено во текот на 2013 година шефот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов заработил 11,75 милиони рубљи, а средната заработка на високите чиновници во Кремљ изнесувала околу 12 милиони рубљи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.