| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бесплатни елаборати за социјалноранливите категории лица

DSC_8137

Владата овозможи да се легализираат дивоградбите по цена од едно евро за квадратен метар . Посебно олеснување има за лицата од социјалноранливите категории. Премиерот Груевски потенцира дека процесот тече, а сите треба да достават елаборати.
– За сите тие што се од најтешкоранливите категории, луѓе приматели на социјална помош, обезбедивме бесплатно правење елаборати со кои ќе може да си ги легализираат своите живеалишта. Процесот оди добро. Досега над 2.800 барања од приматели на социјална помош се пристигнати и им се одобрени. Тие ќе се здобијат со решенија за легализација на нивниот имот – рече Груевски.

Премиерот апелираше сите други да забрзаат со доставувањето на своите барања за да не помине рокот.

– Државата покажа огромна подготвеност, најде начин и сили за сите социјалноранливи категории да обезбеди бесплатно да добијат елаборати, сега останува тие да се вклучат во процесот, да го побараат тоа за да го добијат – дополни премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top