За два месеца, односно од почетокот на годинава досега, креирани се вкупно 1.313.000 упати, покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – „Мој термин“.
Околу 670.000 упати, односно повеќе од половина од вкупниот број креирани упати се специјалистички, додека останатите се: 301.000 лабораториски упати, 120.000 упати за радиодијагностика, 115.000 интерспецијалистички упати, како и упати за микробиологија, болнички упати, упати за операција, конзилијарно мислење, нуклеарна медицина, и хемодијализа.
Според податоците од системот „Мој термин“, најголем број пациенти од почетокот на годинава се упатени на интерна медицина, офталмологија и микробиологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се надградува „Мој термин“, докторите ќе имаат повеќе време за пациентите
-
Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“
-
Напредок по наш урнек: Српското здравство подобро од унгарското, полошо од македонското
-
Лекарите поболни од пациентите: Гинеколог си препишал 182 рецепти за една година