Деветгодишната Кристина Пименов е најмалата модна ѕвезда во светот, а неодамна на интернет беше прогласена за “најубавото девојче во светот”. Детето има медено-руса, долга коса, модро сини очи и совршени црти на лицето, а ангелската нејзина убавина е неоспорна. Таа се сликала за „Вог“ ( Vogue), парадирала во креациии на Роберто Кавали ( Roberto Cavalli), Долче и Габана (Dolce & Gabbana), Армани ( Armani), Бенетон (Benetton) и др.
Мајка и е нејзин менаџер и управува со интернет профилите во социјалните медиуми, па редовно постира фотографии на убавата ќерка на „Инстаграм“ каде Кристина има над 300 илјади следбеници. Сликите на убавото девојче често предизвикуваат вознемирувачки коментари, а најнови се коментарите за тоа дека детето е премало за да биде претворано во сексуален објект.
Девојчето е родено во Москва, Русија и работи како модел од тригодишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.