Флојд Хартвиг (90) починал во старски дом до последен момент држејќи ја за рака неговата 89-годишна сопруга Вајолет, која починала пет часа подоцна.
Вајолет во поледните неколку години од животот боледувала од деменција, а Флојд се грижел за неа колку што можел. Во јануари лекарите дијагностицирале дека му откажуваат бубрезите и рекле дека му преостануваат уште неколку месеци од животот.
– Имаа посебна врска. Мислам дека таа се засили во последните месеци од нивните животи, изјави за „Фресно Би“ нивната ќерка Дона Шартон.
Иако здравствената состојба му се влошувала од ден на ден, Флојд и натаму се грижел за сопругата. – Тој тешко се движеше, но мајка ми и натаму му беше приорет и главна грижа, рече Скартон.
Нивните деца решиле да ги доближат нивните кревети за да можат во последните моменти од животите да се држат за раце.
Тие биле во врска уште од основното училиште, а се венчале на 6 август 1947, кога Флојд дошол на отсуство за време на отслужувањето на воениот рок во Морнарица. Додека Флојд бил во восјка, од 1946 до 1948 година, тие си размениле повеќе од 100 писма.
По враќањето од војска, Флојд прво работел како доставувач на јајца, а потоа и како управител на една фарма во Истон во Калифорнија, од каде заминал до пензија.
Тие имаа три деца – Дона, Керол и Кенет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)