| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија била цел на прислушување на странска разузнавачка служба

Gruevski press bomba (1) (Custom)

Шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар кои биле високо обучени за такви дејства. Македонија била цел на прислушкување на странска разузнавачка служба – тврди премиерот Никола Груевски.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека било снимено со тактичка опрема.

– Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, упати закани кон мене, МВР ангажраше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала низ Центар, околу државните институции – рече Груевски.

Тој додаде дека опремата за прислушување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова сѐ уште трае.

– Македонија била цел на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 година за овие материјали се заинтересирало и Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следува судска постапка – посочи Груевски на прес-конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top