Во Ректоратот на скопскиот универзитет денеска од 14 часот е закажана втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни – Универзитетот, Владата и МОН, и пленумите на студентите и на професорите.
На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, и од Министерството за образование и наука, за 30 дена да изработат анализа за состојбите и врз основа на неа да се дефинира концепт за изработка на законски текст за високото образование.
Министерот Абдилаќим Адеми вчера во изјава за медиумите не прецизираше дали во концептот ќе остане како идеја државен испит.
– Во овој момент не би сакал да навлегувам во суштината на концептот затоа што тоа ќе треба да го подготват работните групи. За мене, како министер, и за Владата, е многу битно што веќе има конструктивен дијалог меѓу сите засегнати страни во високото образование – рече Адеми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.