Пратеникот од редовите на СИРИЗА Манолис Глезос ја критикуваше владата во Атина поради потпишувањето на договорот меѓу Грција и нејзиниот европски партнер со оцена дека промената на зборовите не значи промена на ситуацијата.
„Преименувањето на „тројката“ во институции, меморандуми во договор и на заемодавците во партнери, како што преименувате риба во месо, не значи промена на претходната ситуација“, напиша Глезос во текст објавен на веб-страницата Движење на активни граѓани, пренесува грчката агенција АНА.
Тоа не им менува ништо на гласачите што на 25 јануари гласаа за ветувањето на СИРИЗА: крај на мерките за штедење, меморандумите и тројката, истакнува Глезос.
– Помина месец и ветувањата сѐ уште не се претворени во акција. Тоа е срамота. Вистинска срамота – изјавил Глезос извинувајќи им се на грчките граѓани што учествувал во таа илузија и ги повика да реагираат пред да биде предоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!