| четврток, 6 декември 2018 |

Наркобос изрешетан со 25 куршуми, негов пријател дигнат во воздух!

narkobos-izreshetan-so-25-kurshumi-negov-prijatel-dignat-vo-vozduh-232590

Горан Радоман (37) од Цетиње бил предупреден дека ќе биде убиен како одмазда за украдени 300 килограми кокаин во Шпанија во вредност од 15 милиони евра, пишува српскиот весник “Блиц”.

Само 12 часови пред убиството, во Подгорица експлодирал атомобилот “Ауди А8” на Милан Вујотиќ (32), кој бил близок пријател на Радоман. Во архивите на црногорската полиција, двајцата се заведени дека се припадници на шкаларскиот клан, а експлозијата на блиндираното “Ауди” била најава дека и нему му се подготвува убиство.

Радоман е убиен ноќта меѓу четвртокот и петокот во лифт на подземна гаража на улицата “Јуриј Гагарин” 26 а, каде што бил пресретнат од убиец со “хеклер” кој во него испукал 25 куршуми.

Непосредно пред смртта, Радоман барал српско државјанство.

– Неговото барање е одбиено токму поради оперативните податоци кои полицијата ги има за него и за неговиот брат Владан. Сигурни сме дека државјанството го барал поради бизнис со наркотици, односно за да може да избега доколку некои странски држави за негои распишат потерница, вели извор за српскиот весник.

Горан и неговиот брат Владан се под лупа на сите светски безбедносни служби поради сомнение дека криумчарат кокаин од Јужна Америка во Европа. Тие се сопственици на поморска транспортна компанија која всушност ја користеле како покритие за шверцот на наркотици.

– Браќата често престојувале во Котор како и во Холандија и Италија, но и во пристанишните градови на Јужна Америка, каде што имаат логистички бази за криумчарење, наведува нашиот соговорник.

Тие поседувале и фалсификувани докуменит кои ги обезбедиле преку “пријатели” од Хрватска.

– На крајот на 2009 година, тие соработувале со Дарко Шариќ, а продолжиле да шверцуваат кокаин и по акцијата “Балкански војник”. Оствариле контакт со Јужна Америка, а во Италија со озлогласеното семејство Ндрангета. За таа соработка Горан плати со животот, бидејќи пред еден месец во Марбеља биле украдени 300 килограми кокаин, поради што следеше и одмаздата, завршува соговорникот на “Блиц”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top