Корисниците од улиците „Халим Халимовиќ“, „Божин Стојков“, „Дижонска“ и „208“ во општина Чаир утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 10 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Соње.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување технички зафати во електросистемот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.