Извртувањето на фактите и вистината, во овој организиран „напад“ за насилно уривање на власта, не завршува само со презентирањето на СДСМ на материјалите добиени по шпионските мрежи. Искривувањето на реалноста продолжува и во медиумите продолжува во контролираните медиуми од Павел Шатев финансирани од соросовата фондација во Македонија.
Дури и за материјалите за кои се појасно е дека се снимани и добиени од странски служби, се обидуваат да наметнат дека се снимени по нарачка на власта. Сепак, со секоја нова „епизода“ во која доминираат гласовите кои личат на највисоките функционери во безбедносните служби во државата, потоа на врвот во ВМРО ДПМНЕ и на најблиските соработници на премиерот Никола Груевски. Тој факт не е интересен за контролираните медиуми. Но, е факт за кој постојано посочува експертската јавност, факт кој води чии се снимените материјали и факт кој води до тоа дека Заев е продолжена рака за исполнување на туѓи сценарија.
Не се внимава ниту на фактите во коментарите за секој објавен разговор во етер. Важно е пораката да нанесе штета на власта. Но, ниеден коментар не може да биде посилен од фактите, доколку внимателно се слушнат целите снимени разговори.
Како тоа власта спремала фалсификат на изборите, и како тоа разговорите треба да се доказ за тоа, ако дури и во материјалите кои сами ги објавија се слуша дека „се’ мора да биде според закон“? Како тоа случајот со Љубе Бошкоски е политички монтиран, додека тонски записи се гледа дека Бошкоски земал стотици илјади евра и незаконски ја финансирал кампањата?
Но, како и прашањето зошто државно безбедносниот врв би се прислушувал сам себе си, за медиумите контролирани од Павел Шатев не смее ниту да се помисли овие аспекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.