| четврток, 6 декември 2018 |

Чуден термин, мундијалот во Катар ќе се игра во ноември и декември

Во чуден термин и за првпат во зима ќе се играат натпреварите од Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година. За еден месец во Доха треба да се објави точниот термин, а медиумите веќе најавуваат сигурна варијанта и тоа за првпат во зима, во двата последни месеци од годината.

katar 2022

Од инсајдери од ФИФА е потврдено дека ноември и декември за 7 години ќе бидат резервирани за врвен фудбал, но проблем е што ќе треба да се прекинат националните шампионати во сите европски држави за да се настапи на СП во Катар. Или во 2022 година да се прилагоди домашниот календар со мундијалскиот што ќе биде многу тешко за сите, со оглед на густиот распоред на натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top