| четврток, 6 декември 2018 |

„Икеа“ вложува три милијарди евра во 20 трговски центри

икеа

Најголемиот светски производител на мебел Икеа, ќе вложи три милијарди евра за изградба на 20 трговски центри ширум светот.

Компанијата основа нова филијала Икеа Центерс што ќе се занимава со изградба на нови продажни центри, пренесуваат белгиски медиуми.

Икеа Центерс веќе поседува 45 трговски центри во Европа, во Русија и Кина со вкупна површина од три милиони квадратни метри. Во неа се вработени околу 2.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top