Секоја петта жена тврди дека мажот е попривлечен кога има куче како миленик, покажува истражувањето на британската компанија notonthehighstreet.com.
Повеќе од 2.000 припаднички на понежниот пол кои биле анкетирани во ова истражување, довеле до конечни резултати кои покажале дека мажите со домашни миленици, особено кучиња, се двојно попривлечни од оние кои имаат голема плата или куќа.
Што се однесува до останатите нешта, секоја дваесетта жена сака мажи облечени во дизајнерска облека, а дури шест отсто од дамите бараат момче со скап автомобил.
За разлика од жените, на мажите им е најважно за жената да може да биде опуштена покрај нив, а дури 25 отсто од нив не можат да им одолеат на комплиментите.
При флертувањето, мажите се држат до веќе испробаниот и добро докажан контакт со очите.
– Мажите и понатаму имаат најголема доверба во старите методи. Тие најчесто посакуваат со својата потенцијална партнерка да остварат контакт со очите и така да дојдат до заклучок дали им се допаѓаат или не. Убаво е што таквите техники во оваа доба на модерна технологија не изумираат -порачаа од британската компанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.