Вчеравечер околу 22.45 часот во Куманово, на ул. „Тоде Думба“, во спортската обложувалница „Вил хил“ непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над 24-годишен вработен од Куманово, по што од отворен сеф одзел кутија со пари.
По ова, вработениот физички го нападнал и успеал да му го одземе пиштолот, а дел од парите му испаднале во обложувалницата, додека сторителот избегал во непознат правец.
Извршен е увид на местото на настанот, при што е констатирано дека се работи за пластичен пиштол, а при пребројување на парите е утврдено дека недостасувале 4.150 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


