Педесет и две годишниот Ѓ.Л. од Скопје и 49-годишниот З.К. од Велес се двајцата новоосомничени во случајот „Пуч“ кои се идентификувани како соработници со веќе пријавените во истоимената полициска обработка.
-Двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, превземајќи активности и чекори за кои биле богато финаниски наградени. Од првично направените проверки имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина но и во акции кои завршиле кај нив. Лицата се сомничат за кривични дела шпионажа и насислтво према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник министерот за односни со јавност, Иво Котевски.
Во претресите во нивни домови и други локации се пронајдени голем број на материјали, запленети се 5 лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои 6 со сим картички, 100 CD и DVD, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки кои дополнително ќе бидат предмет на вештачење.
Двајцата осомничени по поднесената кривична пријава за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи се изведени пред судија на претходна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)