| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадиститe измачуваат и убиваат деца

Припадниците на Исламската држава во Ирак систематски убиваат, вршат тортура, злоставуваат деца и ги продаваат како сексуални робови, се наведува во извештајот на Комитетот на Обединети нации за права на децата.

Комитетот располага со податоци за масовни убиства на деца, обезглавување, жртвување, како и закопување на живи деца, независно од верската или националната припадност на детето.

Комитетот ги повикува ирачките сили, кои се борат со џихадистите на Исламската држава, повеќе да се ангажираат за заштита на децата.

Според комитетот Исламската држава се почесто користи деца за извршување на самоубиствени напади, како и како човечки штитови за време на воздушните напади од меѓународната коалиција против џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top