Познатиот српски кантавтор Жељко Јоксимовиќ во интервју за српскиот магазин „Недељник“ првпат отворено зборува за српската традиција, иднината, музиката и културата, за таблоидната кал, естрадата, војната, политиката и изборите, Сараево и Белград, за сопругата Јована и нејзиниот дуел со премиерот Вучиќ, Евровизија…
Популарниот пејач првпат зборуваше за озборувањата дека е геј, а дека неговиот брак со Јована е договорен брак.
– Тоа е толку болно, што не знам што да кажам. Ние живееме наш живот, имаме дете, пријатели, семејство, работиме и се трудиме да бидеме подобри. Нонстоп сме концентрирани еден на друг. Па, барем нас двајца можете да не видите секогаш и секаде заедно. Овде е „педер“ секој кој се мие и се депилира. До 2004 година отвораа прозорец од автомобил и викаа по мене „педер“. Сега кога ќе ме сретнат често ми велат „крал“, „легенда“ „каква ти е оваа песна“. Изгледа сега веќе не сум? Огромна одговорност имаат медиумите бидејќи тие ја креираат сликата за сѐ за што се пишува. Па, и за сите нас кои се занимаваме со јавна работа. За мене викаат дека сум се шминкал. А, јас велам дека кој и да влегол во ТВ студио или снимал спот знае дека мора прво да влезе на шминкерница за да не свети од светлата, а потоа влегува во студио. Тоа нема врска со мозокот. Но, приказните дојдоа до таму што еднаш, на почетокот на врската, кога седев со Јована на ручек, таа рече: „Извини мора да те допрам“. Јас ја прашав: „Што?“ Рече: „Не си нашминкан, а кожата ти е таква што изгледа како да си“. Овде три пати изговорена лага станува вистина и за тоа никој не одговара. Мораш да почувствуваш кога е момент да му покажеш на некој заби. Не сме ние во Шведска. Замисли како мојата ќерка пораснала и што се читала во весниците. Дека нејзиниот татко е педер, дека се шминка. Како ѝ било кога одела на училиште? Дали некој размислувал за тоа? – се запрашал Јоксимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.