Интересот на Европската унија за случајот „Пуч“ е голем бидејќи во него се инволвирани и премиерот и лидерот на опозицијата, рече денеска амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, кој оствари средба во СДСМ со лидерот на партијата, Зоран Заев.
Орав по средбата изјави дека делегацијата на ЕУ многу внимателно ќе следи што ќе се случува во периодот што следува.
Орав нагласи дека очекува неазвисно и отворено водење на судската постапката.
– Ова е потенцијален случај во кој се инволвирани премиерот и лидерот на опозицијата на оваа земја и со оглед на високиот профил на овој потенцијален случај, со оглед на фактот што оваа земја е кандидатка за членство во ЕУ, ние посветуваме големо внимание на овој потенцијален случај и ние ќе го следиме многу сериозно. Тоа ќе биде голем тест за државните институции. Тоа ќе биде голем тест за медиумите и за земјата. Можам само да се повикам на соопштението од ЕУ во саботатата попладне, дека очекуваме независност и транспарентност при истрагата и во судската процедура – изјави Орав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.