Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ рано утрово не работеа и не беа оперативни кратко време.
Не работеа ниту мобилните апликации за овие социјални мрежи, а на социјалната мрежа „Твитер“ се појави хаштаг „#facebookdown“ и беше на врвот на најпопуларни тагови. Апликацијата за комуникации „Хипчат“, исто така, не работела.
Сервисот за комуникации „Ватсап“, која е во сопственост на компанијата „Фејсбук“, функционирала нормално, како и социјалните мрежи „Гугл+“ и „Мај спејс“.
На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за хакерски напад на социјалните мрежи, но и дека засега нема инфорамции што би ги потврдиле шпекулациите. Одговорноста за евентуалното уривање на социјалните мрежи ја презеде хакерската група „Гуштери“.
Исто така, се појавија шпекулации дека социјалните мрежи „паднале“ поради силното снежно невреме што го погоди источниот брег на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.