Реките се повлекуваат во своите корита и состојбата се стабилизира, соопшти Дирекција
ДЗС има екипи кои со градежни машини расчистуваат наноси на местата каде што вчера имаше излевања предизвикани од обилните врнежи во источна Македонија. Се прават и одбранбени насипи со вреќи за да се спречи евентуално продирање на водата во објекти.
Нејзини екипи се на терен во радовишкото село Конче и во село Карбинци, каде што расчистуваат наноси од реките. Превентивно се поставени сто вреќи со песок во штипско Ново Село, но опасност од излевање нема.
Во кумановското село Пелинце водата не навлегла во објектот на Меморијалниот центар АСНОМ и според проценката на стручните екипи нема потреба за поставување вреќи кои се веќе однесени таму.
Во Гевгелија превентивно е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата во водоводот.
– Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена во случај да има потреба да активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите, соопшти ДЗС.
Во посета на штипскиот регион, кој вчера беше погоден од обилни врнежи, денеска е премиерот Никола Груевски. Како што соопшти неговиот кабинет, Груевски ќе ги посети селото Лакавица, а потоа и Карбинци.
Попладнево состанок ќе има и Коодинативното тело за справување со кризи на Министертсвото за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


