Собранието на акционери на КК Работнички го избра новото раководство на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, соопштија од клубот.
На собранието се избрани и нови членови во Бордот на директори. Нови членови се Ристо Гапиќ, Васко Кичевски, Филип Филиповски, Димитар Трајчевски и Кристијан Чушков. На првата седница на Бордот на директори беше предложен и едногласно избран Ристо Гапиќ за претседател на клубот, а за извршен директор беше назначен Васко Кичевски.
– Главна цел е да го задржиме сјајот на најтрофејниот клуб во Македонија, КК Работнички, и со тоа да успееме да ја вратиме титулата дома, во Градски парк. Големо задоволство ми е што на чело на стручниот штаб го имаме Марин Докузовски и убеден сум дека заеднички со максимална посветеност и желба ќе успееме во предизвиците кои следуваат. Само со тимска работа и со постигнати резултати секој спортски клуб може да биде видлив во општеството – изјави новиот претседател на клубот Ристо Гапиќ.
На првата седница на Бордот на директори, Васко Кичевски е уменуван за извршен директор на клубот со кој ќе раководи во следниот период.
– Како директор на клубот ми претстои година на предизвици, односно целосно спроведување на стратегијата во однос на нашите пријатели и помагатели. Секој што сака да помогне на КК Работники, за нас е добредојден за сугестии и предлози за напредок. Одржување на позитивната енергија во клубот е една од работите кои, исто така, се важни за мене. Ќе работиме напорно, од една страна да бидеме најдобри, а од друга страна да менаџираме на домакински начин со цел успехот да не се удри по грбот на опстанокот на клубот – истакна директорот на КК Работнички, Васко Кичевски.
Од следната сезона КК Работнички ќе се фокусира на развој на младинската школа со што ќе се насочат силите на иднината на македонската кошарка, од кои се очекува да бидат идни репрезентативци на Македонија – истакнаа од клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


