| четврток, 6 декември 2018 |

Нова „Ла десима“ за Реал Мадрид

Актуелниот европски првак Реал Мадрид по десетти пат е фудбалски клуб со најмногу приходи на планетата. Новата „Ла Десима“ е потврдена во извештајот на „Футбол мани лиг“ што го изработи реномираната ревизорска куќа „Дилојт“.

Во ланската сезона кралскиот клуб од Мадрид по разни основи инкасирал 550 милиони евра, што е најмногу од сите клубови. Зад Реал е Манчестер јунајтед со 518 милиони евра, Баерн Минхен со 487,5 Барселона со 484,6, а топ 5 го затвора Пари Сен-Жермен со 474,2  милиони евра.

real

 

Најмногу клубови на листата имаат Англичаните, 8, зад нив се Италијанците со 4, Германија и Шпанија со по 3 и Франција и Турција со по еден клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top