
Друштвото на ликовни уметници на Македонија од оваа година на rевијалната годишна изложба ја воведе наградата од публика, насловена „Никола Иванов Балтон“, оформена во чест на драгиот пријател и колега, со што неговото име ќе остане симбол на Друштвото.
За ова признание одлучи публиката преку 30-дневно гласање по електронски пат и во канцеларијата на ДЛУМ.
Уметничкиот совет на ДЛУМ, во согласност со сите прегледани гласови, донесе соопштение дека наградата ќе биде доделена на Душан Георгиевски. Тој е роден во Скопје во 1964 година, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1996 година. Досега неговите многубројни самостојни изложувања се на релација Македонија – Кувајт поради неговиот тамошен долгогодишен престој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


