Шакира и Жерар Пике во секој момент го очекуваат раѓањето на своето второ дете. Среќниот пар објави семејни фотографии со кои ги повикува фановите да учествуваат во хуманитарна акција на УНИЦЕФ.
Учесниците во хуманитарната акција всушност купуваат подароци како полио вакцини, ќебиња и вакцини за мали сипаници, кои ќе им бидат доставени на деца во најсиромашните земји во светот.
Хуманитарната акција е виртуелна бебешка забава, во рамките на која подароци добиваат деца низ светот наместо бебето на Шакира, како што е обичај на забавите од ваков тип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.