| четврток, 6 декември 2018 |

Линдзи Вон со рекордни 63 победи во Светскиот куп

lindzi wonnАмериканската скијачка Линдзи Вон денеска беше најбрза во супервелеслаломот возен во Кортина Д’Ампецо, остварувајќи ја 63.победа во Светскиот куп со што го собори 35 години стариот рекорд на Австријката Ана-Мари Мозер Прол.

Американката која вчера го изедначи рекордот, денеска патеката ја извозе со време 1:27.03 минути.

Второто место го освои Ана Фенингер (Австрија) која беше побавна за 85 стотинки, а како трета трката ја заврши Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со време 1:27.95.

За Вон ова беше прва Супер-Џи победа сезонава и вкупно четврта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top