Единствениот дувачки квинтет во Македонија, кој опстојува цели 37 години, викендов ќе одржи два концерти во Виена. Гостувањето е организирано во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Австрија.
Првиот концерт е в сабота во катедралата „Света Ана“, а в недела ќе се претстават и пред Македонците во објектот на Македонската културна заедница.
Скопскиот дувачки квинтет во Виена ќе се претстави со дела на македонските композитори – Љубомир Бранѓолица и Глигор Смокварски, а ќе изведат и дела од класичната музика – од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Љадов, Штраус.
По настапите во Виена, Скопскиот дувачки квинтет ќе има пет концерти низ Македонија, а од 3 до 13 јуни ќе одржат концерти во Њујорк.
Овој квинтет во состав – проф. Васил Атанасов (обоа), м-р Ристо Ѓоревски (кларинет), проф. Маријан Милошевски (фагот), м-р Марија Јакимовска (флејта) и проф. Александар Гошев (хорна) – веќе 37 години успешно настапува низ Македонија и светот, и е единствен ваков состав во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви