Британскиот дневен весник „Сан“ во денешното издание излезе со информација дека Манчестер Сити со астроноска понуда тргнува по усугите на еден од најдобрите светски фудбалери Аргентинецот Лионел Меси.
Само еден ден по комплетирањето на трансферот со Вилфред Бони од Свонси, весникот пласираше информација дека Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе Меси во своите редови.
Управата на „Граѓаните“ е подготвена да издвои фантастични 480 милиони фунти. Коментар на оваа тема имаше и менаџерот на тимот Мануел Пелегрини кој очигледно нема ништо против да ги обезбеди услугите на Меси.
– Сосема е нормално богатите клубови да ги имаат во своите редови и најдобрите играчи на платата. Иако шпекулациите доаѓаат како плод на лични интереси, а не клупски. Тоа е се што можам да кажам во врска со ова – изјави Пелгрини.
Во осминафиналето од Лигата на шампионите се среќаваат токму Барселона и Манчестер Сити, така да оваа информација може да се разгледува и од тој агол.
За довеувањето на Меси во своите редови се поврзуваат и Челси и ПСЖ на кои парите никогаш не им биле проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.