| четврток, 6 декември 2018 |

Самсунг го претстави „галакси А7“

 

Galaxy-a

Најголемиот светски производител на смартфони, јужнокорејската компанија „Самсунг“, го претстави значително поголемиот „галакси А7“, кој располага со целосно метално тело и 5,5-инчен екран. Уредот е насочено кон корисниците кои претпочитаат целосно метални телефони. Моделот позајмува од дизајнот на „галакси ноут 4“ и „галакси алфа“, но не располага со нивните сериозни технички карактеристики.

133336_1

Тој е со осумјадрен процесор со фреквенција 1,8GHz, за разлика од quad-core процесорот кај А3 и A5. Тој располага со 5,4 инчен дисплеј со висока резолуција, и подготвен е за работа со мрежи од следната генерација. Смартфонот е со 13 мегапикселна камера и располага со меморија од 2 GB,  како и 16 GB внатрешна меморија. Предната камера му е 5 мегапикселна. Смартфонот е со батерија од 2 600 mAh. Новиот А7 е со дебелина од само 6,3 мм, што е за околу половина сантиметар повитко од iPhone 6 и потенок од моделите A5 и A3. Тој е со тежина од 141 гр. Моделот ќе се нуди во бела, црна и златна варијанта, како и со оперативниот систем андроид киткет, кој ќе може да се надополни со лолипоп во подоцнежна фаза.

Сеуште не се знае кога и на кои пазари за првпат ќе се појави смартфонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top