| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерот од „Птици“ – Род Тејлор

mug_sunday

Род Тејлор, легандарниот актер познат по улогата на Мич Бренер во филмот „Птици“ на Алфред Хичкок, почина на 84 години, потврди неговата ќерка за американските медиуми.

Тејлор починал во својот дом во Лос Анџелес.

Роден во Австралија, а за време на долгата кариера се појави во многу филмови, меѓу кои и „Временска машина“, „Ограбувачи на возови“ и филмот на Квентин Тарантино „Неславни копилиња“. Сепак, ќе остане запомнет токму по улогата во „Птици“, која него и колешката Типи Хедрон ги вивна во ѕвездите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top