| четврток, 6 декември 2018 |

Залудно Соросовите медиуми го прикриваат бегството на „Пленумци“

п пленумЗалуден е обидот на медиумите на СОРОС и СДСМ со класични манипулации да ги “исперат“ пленумците од фијаското кое го доживеаја. Ништо не може да го сокрие бламот на најгласните професори кои се против реформи во високото образование, кои класично избегаа од аргументиран дијалог, иако првично прифатија да се појават на местото кое самите го побараа, Законодавниот дом. Откако паднаа маските и на сите им стана јасно кои се всушност мотивите на Професорскиот пленум.

Залуднји се намерно објавените неточни наслови, полувистини и полуинформации на од опозициските медиуми во обид да ја прикријат вистината и ја открива суштинската важност за мотивите на Професорскиот пленум. Дури и се третира настанот „како воопшто да не постоел“.

Излезе на виделина диктатурата на оние кои секојдневно говорат за некаков “режим“ и “диктатура“. Манипулациите не можат да ја сокријат вистината и фактот дека професорите избегаа од дебата, иако самите пред камери ветија дека ќе дојдат на од нив посакувано место.

Најверојатно по добиени инструкции и политички консултации од центарот чии интереси ги бранат и застапуваат професорите си го погазија зборот. Откако маските паднаа, станува сосема јасно дека таканаречениот Пленум не е ништо друго, туку само инструмент на СДСМ и СОРОС, чија единствена цел е да ја поддржува политиката и агендата на слабиот и неинвентивен СДСМ, а со тоа наместо во интерес на образованието да работи за тесните политички интереси на една партија.

Медиумите контролирани од СДСМ лажат дека премиерот Груевски сам си го преместил собирот, бидејќи Собранието како можна дестинација за дебатата првично го спомена токму професорката Билјана Ванковска, предлог што експресно беше прифатен од Груевски.

Веќе нема дилеми дека пленумот не сака решенија, не сака аргументиран дијалог и не сака квалитет. Бегајќи од дебата за реформите во високото образование професорите“пленумци“ го покажаа вистинското лице и за кого всушност одработуваат.

Кај нив не се објавува дека Ванковска и останатите професори сами се согласија да дојдат на дебатата во Собрание и лично на Груевски му потврдија дека ќе дојдат. Овие медиуми целосно дезинформирајќи ја јавноста сакаат да го скријат токму овој факт, дека професорите прифатија да се појават на дебатата, а потоа избегаа од истата кои самите ја бараа. Дел од нив дури наведуваа и информација дека професорите всушност го одбиле повикот за дебата, што секако претставува врв на манипулацијата.

Дали манипулативните текстови се „слободното новинарство“ на опозицијата, кога сите медиуми кои се под нејзина контрола оркестрирано и контролирано од еден центар се обидуваат да ја манипулираат јавноста?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top