| четврток, 6 декември 2018 |

Времето утре сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа особено во источните делови и долж Повардарието, засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина до околу 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус четири до четири степени.

Во Скопје и околината рано изутрина ќе има повремени слаби врнежи од снег, а преку денот облачноста ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до два степена.

Потоа следува период на претежно стабилно и суво, но студено време. Наместа е можно и провејување на слаб снег. Во петок се очекува постепен пораст на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top