По барање на бизнис заедницата, Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Се очекува денеска на собраниска комисија, Министерството за финансии да го соопшти ставот на Владата и да предложи амандмани на Законот со кои ќе се укине задолжителната задолжница, објави МРТ.
Стопанските комори од Владата побараа задолжницата да не биде задолжителна обврска за фирмите, туку да се издава само на доброволна основа, а Министерството за финансии да ја стопира примената на Законот за задолжница која требаше да стартува од први април.
Задолжницата за првпат беше воведена пред две години на барање на стопанствениците. За нив задолжницата останува добар начин на наплата, само ако се применува на доброволна, а не на задолжителна основа, сѐ со цел да не се изложат фирмите на дополнителни трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



