
Компаниите кои доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количини, доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање. При откупот да го евидентираат и вишокот тутун на производителите, а во поканите за преземање на тутунот да ги наведат целокупната договорена количина и терминот на предавање (доколку е во повеќе наврати).
Ова се сугестиите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за поуспешен откуп на тутунот што денеска во писмена форма им се испратени на откупувачите.
Како што информира МЗШВ, осум компании заклучно со денеска откупиле вкупно 4.900.000 килограми тутун од годинашната реколта по просечна цена од 119 денари за килограм.
Според Државниот iнспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана 27,13 отсто и се одвива во согласност со динамиката наведена во договорите меѓу откупувачите и тутунарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


