| четврток, 6 декември 2018 |

Десетти пораз на МЗТ Скопје во Јадранската лига

Македонскиот шампион МЗТ Скопје гио претрпе десеттиот пораз во 15 меч во Јадранската лига, а овојпат подобар беше Задар на домашен терен.

Првата четвртина и катастрофалните минус 15, (27-12 за Задар) беа клучни за новиот пораз на металците, кои ги добија останатите три периоди од по десет минути, што сепак не беше доволноза успех.

Kosarka MZT Zadar 01 (Custom)

Предраг Самарџиски со 20 поени и 8 скока беше најдобар во таборот на гостите од Скопје, кои во еден момент во последната четвртина се доближија на минус три, но немаа сила за комплетен пресврт. Само у ште Цветковиќ со 12 поени и Синовец со 10 имаа двоцифрен учинок кај МЗТ Скопје.

Кај Задар Флоренс и Ивано уфрлија по 24 поени, а Собин помогна во победата со 15 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top