| четврток, 6 декември 2018 |

Милвоки ја прекина победничката серија на Атланта

Кошаркарите на Атланта ноќеска загубија убедливо на домашен терен од Милвоки со 107:77 и со тоа ја прекинаа серијата од пет победи по ред.

Натпреварот мина во знак на Џаред Дадли, кој немаше ниту едно промашување (10/10 вклучувајќи и четири тројки) и натпреварот го заврши со 24 поени.

На другите натпревари беа постигнати следните резултати: Бостон – Бруклин 107:109, Орландо – Кливленд 89:98, Детроит – Индијана 119:109, Мемфис – Хјустон 111:117 (продолжение), Њу Орлеанс – Сан Антонио 97:90, Оклахома Сити – Шарлот 98:75, Далас – ЛА
Лејкерс 102:98, Денвер – Минесота 106:102, Портланд – Филаделфија 114:93, Сакраменто – Феникс 106:115.

Вечерва се играат шест натпревари: Кливленд – Детроит, Сан Антонио – Хјустон, Далас – Оклахома Сити, Портланд – Њујорк, Денвер – Торонто и ЛА Лејкерс – Феникс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top