Lamborghini, Ferrari, Maserati, се дел од легендарните автомобили кои се произведуваат во Италија. Видете го рејтингот на 10-те најпознати модели, произведени во Италија:
10. Alfa Romeo 155
Компактниот автомобил се произведува во Италија од 1992 до 1998 година.
9. Lamborghini Gallardo
Спортскиот автомобил се произведува од 2003 до 2013 година. Има 5 литарски V10 мотор. Втората генерација од овој модел беше претставена на саемот во Женева од 2007 година. Од 2014 година почнува да се произведува моделот „Huracan“.
8. Ferrari 458 Italia
Претставен е во 2009 година на саемот во Франкфурт. Има 4.5 литарски V8 мотор. Забрзува до 100 км/час за 3.3 секунди и има максимална брзина од 325 км / час.
7. Lamborghini Diablo
Произведуван од 1990 до 2001 година. Прикажан е за прв пат во јануари 1990 година. Има 5,7литарски V12 мотор, со моќност 491 коњски сили.
6. Ferrari California
Оригиналниот модел има 4,3 литарски V8 мотор. Своето деби го прави на саемот во Париз во 2008 година. Модел „2010 Ferrari California“ забрзува до 100 км / час за помалку од 4 секунди и има максимална брзина 310 км / час.
5. Maserati GranTurismo
Автомобилот беше претставен во 2007 година како купе, а во наредните години се појави и кабриолет модел. Во 2007 година првиот модел од серијата, беше прикажан на саемот во Женева имаше 4.3 литарски V8 мотор.
4. Maserati MC12
Овој автомобил се произведуваше во ограничен број меѓу 2004 и 2005 година, а од овој модел се направени само 62 автомобила. Има V12 мотор и максимална брзина од 330 км / час.
3. Alfa Romeo 159
Компактниот модел се произведуваше меѓу 2005 и 2011 година. Дебитираше на саемот во Женева во 2005 година. Моделот 159, има 3,2 литарски V6 JTS Q4 мотор, забрзува до 100 км час за малку од 7 секунди, а максималната брзина е 151 км / час.
2. Lamborghini Murcielago LP640
Претставен беше во март 2006 година на саемот во Женева.
1. Ferrari F430 Spyder
Тоа е кабриолет верзијата на оригиналниот модел купе. Дизајнот е на „Pininfarina“. Дебитираше на саемот во Женева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












