По петти пат во последните десет години женската ракометна репрезентација на Норвешка по пауза од две години повторно е европски првак. Ова е шестта европска круна за новиот владетел на Европа во историјата. Норвешка е најтрофејната репрезентација на стариот континент.
Во репризата од финалето на европското првенство кое се одржа во Скопје во 2008 година, Норвешка повторно беше поуспешна од Шпанија овојпат со 28-25.
Походот кон евроспките титули Норвешка го започна токму од Унгарија во 2004 година, а единственото светско првенство кое не го освоија е она во Белград од пред две години кога загубија од Црна Гора и тоа по продолженија.
Шпанките повторно ја пропуштија шансата иако можеше да токму тие да се радуваат. Имаат одличен колектив кој немаше да биде незаслужено ако ја одведеа својата земја до европската титула.
Шпанките имаа повеќе од играта во првото полувреме во еден период водеа и со четири голови разлика (11-7), но во самиот финиш новите европски шампионки додадоа гас и ја намалија предноста на подносливи два гола негатива (12-10).
Во второто полувреме се покажа сета сила што ја поседуваат норвешките ракометарки. За многу кратко време дојдоа по само пет минути игра дојдоа до израмнување, а со серија од 4-0 ја осигураат и победата. На неколку минути до крајот Шпанија намали на само еден гол разлика, но не искористија два напади за измранување, а тоа знаеја да го искористат норвежанките и со два гола и еден пенал во самиот финиш од мечот дојдат до конечниот резултат од 28-25.
Корен со десет гола беше најефикасна кај новите европски шампионки и тоа со стоотстотен ефект од десет удари, Морк со седум беше втор стрелец, додека кај Шпанките, Пења со десет гола беше лидер на вицепрвакот.
Голманката на Норвешка, Сије Солберг со 16 одбрани, и фантасични интервенции, кога се кршеше резултатот беше една од хероите на новиот европски првак.
Во борбата за третото место во малото финале, Шведска и се одмазди на Црна Гора за поразот во групата и сосема заслужено славеа со 25-23.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







